Запознајте го Green X на Vatech
• ЕНДО ФУНКЦИЈА СО ВИСОКА РЕЗОЛУЦИЈА 49.5 μm
• ЗЕЛЕНО ВРЕМЕ НА СКЕНИРАЊЕ (CBCT 2.9 s)
• ПОГОЛЕМ ИЗБОР НА ВИДНОТО ПОЛЕ – FOV (oд 4×4 до 16×15 см)
• 4-ВО-1 ДИГИТАЛЕН СИСТЕМ (PANO | CEPH | CBCT | MODEL)
• ФУНКЦИЈА INSIGHT ЗА PANO (41 СЛОЕВИ)
• 3D СКЕНИРАЊЕ НА МОДЕЛ
• МЕРЕЊЕ НА ДИШНИ ПАТИШТА
• ОРТО АНАЛИЗА СО ПОМОШ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
ЗЕЛЕНО ВРЕМЕ НА СКЕНИРАЊЕ
Green.X ги минимизира артефактите при движење и овозможува брзо работно време поради времето на скенирање. Продуцира извонредни дијагностички слики кои ќе бидат извор на гордост во секоја стоматолошка клиника.
ИЗБОР НА ПОВЕЌЕ ВИДНИ ПОЛИЊА – FOV
Green.X нуди низа во избор на видното поле. Таа функција овозможува корисникот да одбере оптимално видно поле – FOV, а со тоа да ја минимизира експозицијата во пределите кои не се предмет на интерес. Одбирањето на соодветна големина на FOV од 16×15, 16×9, 12×9, 8×8 5×5/4×4 е базирано според дијагностичките потреби. Тоа покрива цел виличен регион, синуси и лев/десен ТМЗ и одговара на сите случаи од орална хирургија, како и за планирање на мултипни имплантирања.
FOV 4×4/5X5 ЦЕНА: 1.800 ден.
FOV 8×5 ЦЕНА: 2.800 ден.
FOV 8X8 ЦЕНА: 2.800 ден.
FOV 12X9 ЦЕНА: 3.600 ден.
FOV 16X9 ЦЕНА: 4.500 ден.
FOV 16X15 ЦЕНА: 4.500 ден.
НАПРЕДЕН 4-ВО-1 ДИГИТАЛЕН РТГ ПАНОРАМСКИ СИСТЕМ
Green.X е напреден дигитален рендген панорамски систем кој инкорпорира PANO, CEPH, CBCT и MODEL Scan. Обезбедува висококвалитетни слики со ниска доза на радијација, комбинирајќи го акумулираното долгогодишно искуство на Vatech во поглед на процесирањето на сликите. Со тоа се подобрува прецизноста во дијагностицирањето и планирањето на третманите, а се зголемува и задоволството на пациентите.
ОПЦИЈА INSIGHT PANO
Опцијата Insight Pano е оспособена да прави повеќеслојни панорамски слики, наречени Insight Pano, кои овозможуваат уникатен преглед во длабочина на поединечна точка (41 слоеви). Insight 2.0 е дополнителна надоградба која се користи во секционирани FOV слики и овозможува преглед исклучиво на пределот кој ви е неопходен за анализа.
Green.X обезбедува прецизни и висококвалитетни снимки. Чисти и јасни панорамски слики нудат квалитетна дијагностика. Подобрените детали специјално во антериорната (предна) регија и корените на забите се јасно видливи. Овие доследни високо квалитетни снимки се новиот стандард на 2D панорамата.
NORMAL PAN
MAGIC PAN
За првпат, а со помош на MAGIC PAN опцијата добивате фантастична, чиста и јасна панорамска снимка. Автоматската обработка со помош на одличниот и напреден софтвер ја прочистува и го зголемува квалитетот на снимката. Таа е далеку почиста во пределот на инцизивите, канините, ТМЗ и забните корени.
СПЕЦИФИКАЦИЈА НА АПАРАТОТ И ЕКСПОЗИЦИЈА
Функција | CT + Pano + Ceph + Model Scan |
Фокусна точка | 0.5 mm (IEC60336) |
Видно поле | 16×9 cm : 4×4, 5×5, 8×5, 8×8, 12×9, 16×9 cm |
VOXEL големина | 4×4 : 0.05 mm 5×5 : 0.08 mm / 0.12 mm 8×5 / 8×8 : 0.12 mm / 0.2 mm 12×9 / 16×9 : 0.2 mm / 0.3 mm |
Време на скенирање | PANO 4.0 sec / 14.1 sec CEPH 1.9 sec / 4.9 sec CBCT 2.9 sec / 9.0 sec |
GRAY SCALE | 14 Bit |
Волтажа на тубата / Струјa | 60 – 99 kVp / 4 – 16 mA |