ОРТО-ДИГИТАЛНО ПЛАНИРАЊЕ

Со помош на најновниот софтвер на VatechEzOrtho Ви нудиме ортодонтски дигитални анализи со ефикасна комуникација. Се работи за се-во-едно решение за било кој ортодонтски третман.

ИНТЕГРИРАН МЕНАЏМЕНТ НА ПОДАТОЦИ

Ортодонтскиот третман бара голема архива на податоци. Софтверот Ви помага да ги сортирате податоците, да пребарувате во историја и да креирате симулација која ќе ја користите во консултација со пациентот.

ЛЕСНО ПОРАМНУВАЊЕ НА СЛИКИТЕ

Лесно се прилагодуваат со големина и агол сликите од пациентот. Можете полесно да споредувате, а пациентот полесно да го разбере неговото подобрување. Со оваа опција сите профитираат. Имате олеснета комуникација и прецизна дијагностика.

ПРЕЦИЗНА И ЛЕСНА АНАЛИЗА

Со ортодонтската дигитална анализа штедите време и многу ја зголемувате ефикасноста во работата.

ВИЗУЕЛНА АЛАТКА ЗА КОМУНИКАЦИЈА

Колеги ортодонти, комуницирајте визуелно со вашиот пациент и зголемете го процентот на согласност за ортодонтски третман. Понудете доволно информации на пациентот. Со наша и со помош на софтверот вие можете да ги симулирате резултатите од пост-третманот, а пациентот полесно да го разбере тоа што му го нудите.

ОРТО АНАЛИЗА СО ПОМОШ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Со помош на брзата цефалометрија, од само 1,9 секунди, Green.X нуди РТГ AP, латерални и целосно латерални снимки. Генерираните РТГ снимки се обработуваат преку EZORTHO уникатниот моќен софтвер, преку кој добивате комплетна анализа и план на терапија во ортодонцијата. Симулацијата што ја нуди софтверот дава прецизен преглед како за ортодонтот така и за пациентот, бидејќи го гледаат третманот уште пред да започне. Со тоа е зголемена довербата на пациентот кон ортодонтот.

МЕРЕЊЕ НА ДИШНИ ПАТИШТА

Со помош на големото FOV што го има Green.X ова мерење овозможува лекување на пациенти кои имаат проблеми со дишењето, а со тоа и пореметувања во спиењето. Од исклучителна важност е и за планирање на третманите во ортодонцијата.

ЗАКАЖЕТЕ ДЕНЕС