ЕНДО-ДИГИТАЛНА ДИЈАГНОСТИКА

Најважното што треба да се знае во 3D CBCT технологијата е дека за разлика од конвенционалните IO снимки, со овој метод на снимање, забот/ите се гледа/аат во сите 3 димензии. Со видното поле од 4×4/5х5 FOV добивате скен кој е исклучиво дизајниран за ендодонтското лекување на забите.

ЕНДО ФУНКЦИЈА СО НАЈВИСОКА РЕЗOЛУЦИЈА НА ПАЗАРОТ

Ендо функцијата е со димензија 4 см х 4 см во волумен, а воксел пикселите од 49.5 микрони се максимално оптимизирани за да одгавараат на полето од висок интерес. Идеален е за употреба во ендодонцијата бидејќи стоматологот добива максимално прецизна слика со висока резолуција.

Неретко, забите на кои им е потребен ендодонтски третман може да имаат пукнатини или фрактури кои придонесуваат во зголемувањето на чувствителноста дури и по завршениот третман. Со откривање на овие „отвори во забот“ пациентот го штедиме од непотребни дополнителни третмани.

Многу заби имаа комплексна анатомија во коренските канали што го прави ендодонтскиот третман доста предизвикувачки. Со прегледување на забот со 3D технологијата ендодонтот добива многу појасна слика за таа анатомија и полесно ја планира целата процедура. Ова резултира со одлични исходи.

Невообичаено е многу пациенти да имаат забоболки чии симптоми не одговараат на ниедна дијагностичка категорија. Порано, каналното лечење можеби се направило на заби на кои немало ниту потреба да се направи. Денес, со помош на 3D CBCT технологијата ендодонтите можат многу прецизно да ја дијагностицираат и ефикасно да разликуваат дали е потребен ендодонтски третман или не.

Иако се знае анатомијата и морфологијата на забите, некои заби имаат т.н. „скриени“ канали кои многу лесно можат да се промашат за времетраење на ендодонтскиот третман. 3D CBCT снимката го прави тоа невозможно бидејќи многу лесно нив лоцира и идентификува пред воопшто да се почне со третманот.

Не е необично заби кои претходно се лекувани да имаат непријатни симптоми. Во некои случаи потребно е повторно да се направи ревизија. Со 3D CBCT ендодонтот прецизно го лоцира проблемот од претходното лекување и доаѓа до подобар исход.