Виличен зглоб (ТМЗ/TMД)

Виличниот зглоб или ТМЗ е лоциран на двете страни од лицето, некаде пред ушите. ТМЗ ја припојува долната вилична коска со черепот и учествува во функциите на мастикација и говор.

Постојат многу нарушувања на ТМЗ, како на пример: бруксизам, дислоциран или откачен диск, оштетување на коскената јамичка каде е сместен зглобот, артрит, акутна траума, лош загриз итн. Со цел да бидат лесно препознаени и прецизно дијагностицирани задолжителна е соодветна 3D CBCT снимка и моќен софтвер преку кој веднаш ќе можат да се видат деталите.

Со видно поле или FOV 16×15, кое може да го направите единствено кај нас во 3D.RTG, се дијагностицира и волуменот на дишните патишта (стеснат волумен) кој е во блиска корелација со состојбата на темпоромандибуларните зглобови – првиот и главен етиолошки фактор за нарушувања на ТМЗ или т.н ТМД.

ЗАКАЖЕТЕ ДЕНЕС