ЕНДО-ДИГИТАЛНА ДИЈАГНОСТИКА
Најважното што треба да се знае во 3D CBCT технологијата е дека за разлика од конвенционалните IO снимки, со овој метод на снимање, забот/ите се гледа/аат во сите 3 димензии. Со видното поле од 4×4/5х5 FOV добивате скен кој е исклучиво дизајниран за ендодонтското лекување на забите.
ЕНДО ФУНКЦИЈА СО НАЈВИСОКА РЕЗOЛУЦИЈА НА ПАЗАРОТ
Ендо функцијата е со димензија 4 см х 4 см во волумен, а воксел пикселите од 49.5 микрони се максимално оптимизирани за да одгавараат на полето од висок интерес. Идеален е за употреба во ендодонцијата бидејќи стоматологот добива максимално прецизна слика со висока резолуција.